Честитка од Сотировски по повод еврејскиот празник Пасха

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.

– Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Песах и одбележувањето на денот на ослободување на еврејскиот народ од египетското ропство. Одбележувањето на овој празник кај еврејскиот народ е поврзан со симболот на слободата како универзална вредност на секој човек. Слободата е фундаментално човеково право кое претставува темел на еден подобар и похуман свет, се вели во честитката од Сотировски.

Пораката на Песах, како што се наведува, е да не поттикне на размислување дека слободата на човекот, вклучувајќи ја и неговата цврста вера во Бога се духовна сила пред која замолкнува секое зло и ги победува сите предизвици.

– Заемното почитување и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува за остварување на неговите највисоки идеали. Еврејската заедница во Македонија со своите активности и заложби претставува вистински пример за негување на овие позитивни вредности во нашето општество. Ви посакувам овој празник да го поминете во мир, здравје и благосостојба, додава Сотировски.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска