А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијански празник Воскресение Христово – Велигден

by А1он18/04/2020 - 10:25330
Share0

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско-методистичката црква во државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од сè срце посакувам празникот на Христовото воскреснување да го поминете во добро здравје, мир, радост и неизмерна љубов. Нека празникот на светлината придонесе да ги отвориме нашите срца и да ја зацврстиме нашата вера и оптимизам, мотивирајќи нè на духовни подвизи и на благородни дела. Велигденското празнување годинава ни доаѓа во период кога целиот свет се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Затоа мораме да останеме внимателни и дисциплинирани, преземајќи ги сите мерки на претпазливост и почитувајќи ги сите препораки во борбата со КОВИД-19. Токму Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници. Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата со кои се соочуваме, се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

veligden

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 08:2021/04/2026 - 11:48

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:18

Православните верници го слават Велигден

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 08:24

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:14

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:24

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео