Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски за Велигден

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод најголемиот христијански празникот, Воскресение Христово–Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-охридска архиепископија, г.г. Стефан, членовите на Светиот Архиерејски Синод, и до сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората.

– Велигден е ден на радоста и најсветол ден. Христовото Воскресение ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла, да си помагаме еден со друг, да го почитуваме семејството, и да живееме во спокој и мир. Како христијани треба да сме насочени кон праведноста и добрината и да ги почитуваме највисоките морални вредности, се вели во честитката.

Воедно се посочува дека, денес, кога го славиме овој најголем христијански празник потребно е да бидеме сплотени и цврсто обединети во стремежот за јакнење на православните христијански вредности, но и чување на духовното и културното наследство и идентитет на македонскиот народ.

– Убеден сум дека, Македонската православна црква со своите заложби и понатаму ќе биде стожер за мир меѓу луѓето и за вековната истрајност. Вам, како и на сите православни верници од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом. Нека ни е честит и вековит празникот, стои во честитката од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост