Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод 23 Октомври

Од:

 Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани. 

– Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашата нација и држава, го одбележуваме делото на една организација која имаше цел да ја сплоти исконската желба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна Македонија, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори напред, стои во честитката од Вељаноски. 

Делата на македонските револуционери, како што се наведува, се неизбришлива трага во македонската историја и се основата на сите подоцнежни македонски триумфи и победи.
– Поради нивните дела и поттикот за слободна Македонија, денес сме независни, суверени и самостојни како народ и како земја. Наше е денес да бидеме горди и да ги прославуваме сите важни триумфи и национални настани и заедно сплотени да ги остваруваме нашите највисоки цели. Нашиот заеднички цврст став е клучот за надминувањето на сите обиди за згаснување на македонскиот национален идентитет, се вели во честитката. 

Вељаноски порачува сите заедно сплотени да работиме и да изградиме силна држава со развиен демократски и економски просперитет за сите граѓани во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги