Честитка од претседателот на Собранието по повод Рамазан Бајрам

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.

– Големите верски празници секогаш се насочени кон создавање добри дела и верба дека одиме по вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик и нека ви носи мир во душата, благодет во семејствата и среќа во заедницата. Да ги искористиме овие празнични денови за будење на хуманоста и солидарноста, без разлика на вера или нациoналност и да покажеме взаемна почит кон слободното изразување на религиозните вредности, стои во честитката.

Вељаноски, како што наведува, е убеден дека во Македонија се почитува верската различност и се негува толеранцијата и меѓусебните односи кои водат кон добри дела и просперитет.

– Со тоа заеднички и единствени сме насочени кон сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, истакнува претседателот на Собранието во честитката.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он