Честитка од претседателот на Собранието на РМ Џафери по повод Рамазанските пости

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка до припадниците на исламската вероисповед односно до сите кои од денеска го започнуваат светиот месец Рамазан, месец во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор.

– Тоа е месец во кој семејствата се обединуваат, пријателите се среќаваат и споделуваат, додека пак непознатите меѓутоа не толку среќните, стануваат драги и ценети гости на заедничката трпеза. Духот на празникот со сета негова солидарност навлегува во секој дом, ги исполнува срцата со топлина и ги насочува луѓето кон правење добри дела. Бидејќи, не смееме да заборавиме дека не секогаш се сите среќни, здрави и успешни. Не секогаш сите живеат во економска благосостојба и безбедна иднина, се вели во честитката на Џафери.

Претседателот на Собранието на РМ на оние кои ќе постат им посака да им биде со лесно, а на сите останати, да имаат разбирање и трпение кон сограѓаните.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on