Честитка од претседателот на Собранието Џафери за католички Велигден

Од:

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка до сите верници од Католичка вероисповед по повод празникот Велигден.

„Ми претставува особена чест и задоволство да од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од Католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас.

Оваа празнична прилика ќе ја искористам и за да се заблагодарам на католичката заедница во Република Северна Македонија за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење. Дозволете ми уште еднаш да Ви посакам убави и весели празнични денови поминати во мир и благосостојба“, се вели во честитката на Џафери.

Би можело да ве интересира

Денеска е Воскресение Христово – Втор ден

Ана Ололовска

Иванов: Сите граѓани да бидат сплотени и заедно

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Заев: Велигден ни дава сила и надеж, Христос Воскресна – Навистина Воскресна

Татјана Ташкова

Денеска е Воскресение Христово

Татјана Ташкова

Благодатниот оган пристигна на аеродромот во Скопје

Татјана Ташкова

Г.г. Стефан: Како народ да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението