Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод Велигден

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници.

– Ваше Блаженство,

 Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во Република Македонија и на верниците во дијаспората, да Ви го честитам празникот, Воскресение Христово – Велигден.

Велигден е најсветол ден, и благословен е секој човек кој верува и ја разбира големата жртва на нашиот Бог кој ни ја откри боженствената тајна на преминот и победата на животот над смртта. Исус Христос воскресна од мртвите и на нас ни подари вечен живот. Тоа се зборовите кои треба вистински да ги разбереме, ни помагаат да го славиме животот, со чиста душа и добра мисла, да бидеме скромни, да си го почитуваме семејството, да се почитуваме меѓусебно, да си помагаме еден со друг, и да живееме во мир и спокој.

Овој најголем Христијански празник е вистинска можност и поттик да останеме цврсто обединети и истрајни во зачувување на духовното и културното наследство и идентитет на македонскиот народ. Тоа е вековит аманет на Македонската Православна Црква која со своите заложби продолжува да биде стожер во промовирањето на православните христијански вредности.

Вам, како и на сите православни верници од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом.

Нека ни е честит и вековит празникот, се вели во честитката од претседателот на Собранието Вељаноски до г.г. Стефан и до православните верници.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска

Г.г. Стефан утре ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

Ана Ололовска