Честитка од претседателот на Собранието по повод Велигден до верниците од Евангелско-методистичката црква

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден денеска упати честитка до верниците на Евангелско – методистичката црква во Република Македонија.

– Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично и на сите верници на Евангелско – Методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам Со Воскресението, Бог ни ја даде вистината на нашето постоење.

– Доколку сме со чиста душа и добра мисла ние продолжуваме да ги следиме вистинските христијански вредности. Нашата соединетост околу вербата, и благословот да го сочуваме и продолжиме учењето Христово за мирен и спокоен живот, за чиста љубов кон ближните, трпение и милосрдие, не прави многу посилни да истраеме на божјиот пат. Со почитувањето на религиската и етничката различност го јакнеме соживотот и го отвораме патот на просперитетна иднина на Република Македонија, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост