Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го празнуваат големиот празник Рамазан Бајрам:
„Вам лично, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и оние кои го чествуваат празникот, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз упатувам искрени честитки за големиот верски празник Рамазан Бајрам.
По светиот месец на пости и молитви, празничните денови нека продолжат во спокој, со мир во душата, љубов и внимание, трпение и разбирање, почитување и толеранција, со споделување на овие духовни вредности меѓу најблиските и со сограѓаните во Република Македонија.
Посветувајки се на овие базични темели на човековата личност и заедничкиот живот, покажавме дека можеме да бидеме единствени, посилни, поподготвени за надминување на предизвиците кон обезбедување среќен и достоинствен живот за сите граѓани во општеството во кое што живееме и повикувам заеднички да продолжиме по тој пат“.