Честитка од премиерот Заев по повод Денот на балканските Египќани

Од:

Премиерот Зоран Заев во негово и во име на Владата на Република Македонија, по повод Денот на Египќаните, упати честитки до припадниците на заедницата на балканските Египќани во Република Македонија.

– Имајќи ве вас, како истакната и активна заедница во издигнувањето на нашето заедничко, македонското општеството кое го градиме и кое претставува дом за сите култури и заедници што живееме во него, дополнително се збогатува ризницата на мултикултурниот потенцијал, кој е столб во нашите стремежи за едно општество за сите, се вели во честитката до Здружението на балканските Египќани во Република Македонија.

Воедно, се додава дека одбележувањето на Денот на балканските Египќани е убава можност да се афирмира историјата и културата на заедницата на балканските Египќани, но и да се проговори за, како што се наведува, актуелните предизвици со кои се соочуваме во нашата визија за подобра иднина за сите, без разлика на припадност и определба, во наша заедничка Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски