Честитка од премиерот Груевски по повод Рамазан Бајрам

Од:

Премиерот Никола Груевски упати честитка до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.

– Традициите со кои се идентификуваме и празниците кои ги славиме се тука да не потсетат на вредностите кои го дефинираат нашето постоење и идентитет. Споделувањето на овие моменти со најблиските го зацврстува семејството и ги пренесува верувањата и културата на една заедница на идните генерации. Воедно ваквите големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на заемна почит и пријателство помеѓу луѓето од различна вероисповест и служеле за зајакнување на добрите односи кои се стремиме да ги градиме во текот на целиот живот, стои во честитката.

Бајрамските празнувања и пораката за мир, добрина и милост која тие ја носат, додава премиерот, се дел од културното богатство и религиозниот диверзитет кој е препознатлив за нашата држава.

– Овие универзални принципи се столбовите на демократијата, добрососедството и соживотот кои во Македонија отсекогаш сме ги промовирале како најважни. Уверен сум дека наша заедничка вредност и стремеж е одржување на вековното пријателство и разбирање помеѓу нашите заедници, како што тоа било пракса со генерации во минатото. Цел кон која знам дека и во иднината заеднички ќе продолжиме да работиме, наведува Груевски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on