Честитка од премиерот Груевски по повод Денот на албанската азбука

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија по повод Денот на албанската азбука.

– Културните особености за секој народ се од големо значење за сопствената идентификација. Живеејќи во време на глобализација и современа цивилизација никогаш не треба да ги заборавиме културните зачетоци без кои човештвото не ќе ги доживееше своите достигнувања. Еден од тие зачетоци е и создавањето на писмото како еден од најскапоцените дарови на човечката интенција за побрз развој и што поголеми остварувања, се вели во честитката.
Од тој аспект, како што е наведено, создавањето на албанската азбука е еден од значајните културолошки дострели на албанскиот народ и сосема оправдано е дел од одбележувањето битни датуми за нашата држава и за нашите граѓани.

– Почитувањето на овој датум е почит кон целокупната албанска заедница во Република Македонија, а почитта е главниот чувар и стожер на нашето општество и нашата заедничка иднина. Да го чуваме и негуваме како што му доликува на едно современо општество каде коегзистираат различни националности и различни етникуми. Да се држиме заедно и да бидеме пример како заеднички се работи за доброто на нашата држава, за доброто на нашите граѓани, за еден поубав, поквалитетен и посреќен живот во секој дел од Република Македонија, стои во честитката на премиерот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он