Честитка од премиерот Груевски по повод Рамазан-Бајрам

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод големиот муслимански празник Рамазан-Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.

– Чест ми е, Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Бајрамските празнувања, и воопшто големите религиозни празници и народни обичаи поврзани со нив, од секогаш биле можност за почитување и зближување на луѓето од различните религии во Македонија, наведува Груевски во честитката.

Изминатите времиња, искуствата и нашите постари, додава, секогаш не учеле и советувале, кога празнуваме да празнуваме заедно, покрај себе да ги имаме нашите роднини и пријатели со кои споделуваме исти верски убедувања, но и нашите соседи и сограѓани од другите религии, и на тој начин на дело да го потврдиме соживотот и пријателството. Таквиот однос може да ни донесе само добри нешта и да го помогне развојот на државата во која заеднички живееме.

Премиерот изрзува уверување дека и во иднина ќе продолжи унапредувањето на меѓусебната почит и соработката помеѓу граѓаните, верниците  и религиските заедници од Република Македонија, со цел демократски да го зајакнеме нашето општество и да се поттикне подобар живот на секој наш граѓанин.

– Заеднички да продолжиме со нашите залагања за овозможување услови за економски развој и унапредување на стандардот на граѓаните, и со работа на модернизација и реформи во секоја општествена сфера, со цел изградба на напредна Република Македонија. Испраќајќи Ви искрени честитки за празникот, Ви пожелувам среќни бајрамски празнувања исполнети со многу мир, добри мисли и добри дела во секое од Вашите семејства, се вели во честитката од премиерот Груевски по повод Рамазан-Бајрам.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Почна Рамазанскиот пост

Горан Наумовски

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“