Честитка од премиерот Груевски по повод Велигден

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници во Македонија и во дијаспората.

– Ваше блаженство,

Дозволете ми, во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Македонија и дијаспората, да Ви го честитам Воскресението Христово – Велигден и да Ви посакам многу радост, среќа и духовен мир.

Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина. Тоа е денот што го создаде Господ, за да се радуваме и да ја славиме добрината. Преку Христовото воскресение луѓето го открија својот пример и научија да се раководат во животот според добрите вредности, научија да даруваат љубов, да шират добрини и да веруваат во нашиот Бог. Токму на Велигден, Богочовекот Христос ја принесе својата жртва за доброто на човештвото и преку своето воскресение го осветли патот на иднината.

Токму затоа, да му се радуваме на Воскресението Христово и да го прославиме престојниот голем празник Велигден во духот на нашата религија и нашите православни обичаи, во семејството, споделувајќи радост, љубов и топлина. Да му благодариме на Бога за духовната сила која ни ја дава и да возвратиме со многу добри и благословени дела. Ова се денови кога се празнува љубовта и вредностите кои човекот треба да го водат низ животот. Да ги поткрепиме нашите семејства со  силна љубов и искрена верба. Да бидеме искрени пријатели и добри соседи. Да и бидеме верни на нашата земја и да се вложиме себеси за нејзин успех, за нејзин напредок, за заедничка и среќна иднина, за нови успеси, за напредна, достоинствена и модерна Република Македонија.

Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години ! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !, се вели во честиткатаод премиерот Никола Груевски до г.г. Стефан и православните верници.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска