Честитка од министерот Јолевски по повод Денот на Армијата на Република Македонија

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на припадниците на Армијата и на сите граѓани на Република Македонија им го честита 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Македонија.

– Вашето несебично залагање и посветеноста кон работата придонесуваат кон унапредувањето на мирот и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија.

Професионалноста која секојдневно ја покажувате е пример за сите и затоа граѓаните на Република Македонија имаат огромна доверба во Вас, припадниците на Армијата на Република Македонија и вработените во Министерството за одбрана. Верувам во Вашите капацитети да придонесете кон просперитетна, силна и мирољубива Република Македонија, пишува во честитката на министерот Јолевски.

На 18 август 1943 година бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј Планина. Со одлука на Владата на Република Македонија од 1993 година, тој ден се слави и како ден на Армијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски