Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули – Денот на независноста, упати честитка до претседателот на САД, Барак Обама.

– Ја користам оваа пригода, уште еднаш да нагласам дека нашите две држави ги поврзува традиционално пријателство, споделени заеднички вредности, како и стратешко партнерство во повеќе значајни домени. Активното учество на Република Македонија во повеќе мировните мисии, како и силната посветеност кон глобалната коалиција за борба против тероризмот, се важен дел од заедничките активности во регионален  и мултилатерален контекст, стои во честитката од Иванов.

Македонскиот претседател посочува дека високо се цени сèвкупниот придонес, како и силната и континуирана поддршка на САД за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Македонија.

– Стапувањето на Република Македонија во одамна заслуженото полноправно членство во НАТО, и натаму останува голем предизвик со кој нашата држава се соочува. Во тој контекст, ја очекуваме Вашата натамошна, уште позасилена поддршка во пресрет на Самитот на Алијансата, во јули оваа година во Варшава, вели Иванов во честитката до Обама.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он