Честитка од Груевски за празникот Прочка

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод христијанскиот празник „Прочка“ денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан и православните верници во Македонија.

– Блискоста и љубовта во секое семејство, во секое познанство и пријателство, од секогаш била поврзана со овој убав ден. Нашиот народ знае да простува затоа што простувањето е една од основните потпори на нашата вера, една од основните пораки на нашиот спасител Исус Христос. Нема човек кој е безгрешен и токму затоа, тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да ги пречекаме пораките кои ни ги носи овој ден, наведува Груевски.

Ако човек на човек замерил, ако човек со човек не зборува, се вели во честитката, денес е денот да се олесни душата од таквиот товар, денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка. – Така било со децении, така ќе биде и во иднина, затоа што така не учи нашиот Бог. Токму затоа, да ги поткрепиме нашите семејства, да ги почитуваме нашите родители, да ги почитуваме нашите соседи и пријатели, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on