Честитка од Џафери по повод Велигден

Од:

Престeдателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честика по повод големиот христијански празник, Велигден.

– Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир, а бидејќи Велигден е празник на семејството и ближните, на сите верници им посакувам топлина во домот, лична среќа и љубов до своите ближни и до секој човек. Апелирам заеднички да побараме разбирање, почит и човекољубие меѓу сите нас кои живееме во Република Македонија, без разлика на верската или етничката припадност, се вели во честитката.

Водени од оваа верба, се посочува, треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија, почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и начелата за мир и заедништво.

– Соживотот и религиското почитување се традиционални вредности меѓу сите граѓани, а наша должност е тие вредности да ги зачуваме и надградуваме. Честит Велигден и за многу години!, стои во честитката од Џафери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Почнува Велигденскиот пост

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски