Честитка од Џафери по повод Курбан Бајрам

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери од негово име и од име на пратениците денеска до граѓаните од исламска вероисповед упати четитка по повод Курбан Бајрам.

Џафери во честитката потенцира дека големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, е празник кој ја симболизира индивидуалната и колективната солидарност и сочувство кон најблиските, кон соседите и кон луѓето кои се помалку среќни од нас.

– Овој празник е празник на меѓусебната хармонија, взаемната почит и разбирање, меѓутоа и ден за изразување благодарност за сето тоа што со што сме благословени и што е дел од нашиот секојдневен живот. Посакувам овој празник да ве најде во добро здравје, во благосостојба во вашите домови и топлина во семејниот круг. Исто така, посакувам хармонијата и разбирањето да владеат помеѓу сите граѓани на Република Македонија, без оглед на етничката, верската или политичката припадност. Заедно, да градиме држава која ќе биде вистински дом со еднакви демократски права, стандарди и вредности за сите наши граѓани, се наведува во честитката од претседателот на Собранието Џафери до граѓаните од исламска вероисповед.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање