Честитка од Џафери по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

– На овој ден, пред седумдесет и шест години, народот во Република Македонија јасно и недвосмислено застана против фашизмот, против најголемото зло во човечката историја, на страната на правдата, наспроти неправдата. Многу борци, знајни и незнајни ги положија своите животи во таа народноослободителна и антифашистичка војна. Денес, прославувајќи го 11 Октомври, ние оддаваме почит на нивното големо дело и на нивната пожртвуваност. Благодарение на нивната храброст и истрајност, Македонија е слободна и почитувана земја која чекори по патот на евроатлантските интеграции, кои се стратешка определба и врвен приоритет во развојот на нашата држава, вечи Џафери во честитката.

Чекорејќи по тој пат, заедно, со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, потенцира претседателот на Собранието, убедени сме дека оваа наша земја ќе биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на следните поколенија ќе ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија.

Би можело да ве интересира

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

Катерина Ѓуровски

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание

Катерина Ѓуровски

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 ја добиваат Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски