Честитка од ДОМ до новоизбраниот австриски претседател Ван дер Белен

Од:

По повод изборот на Александер Ван дер Белен за нов претседател на Австрија, кој е поранешен лидер на Зелените, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска испрати честитки до него лично и до сестринската партија на австриските Зелени.

– Ова е успех на умерената, прогресивна и толерантна политика што е карактеристична за европските зелени партии, чиј идеал е обединета и просперитетна Европа. Ова е и најголем успех на Зелените во Европа досега, со што Австрија го доби првиот претседател на држава од нивните редови. Успехот е уште понагласен токму и поради повторното гласање и повторната победа на Ван дер Белен, по онаа што беше на 22 мај годинава, кога австрискиот суд ја оспори неговата победа поради наводни нерегуларности со гласањето по пошта. Но, волјата на Австријците за поддршка на европските вредности, демократските принципи и прогресивните идеи, карактеристични за Зелените европски партии, се потврди и на 4 декември, се наведува во честитката.

Упатувајќи најсрдечни желби за успешно извршување на оваа одговорна функција, партијата ДОМ, се посочува, како членка на европското семејство на зелени партии, ќе продолжи со натамошна интензивна пријателска и конструктивна соработка со Зелената партија на Австрија, во интерес на двете земји и во интерес на европската идеја.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата