Честитка на Заев за Курбан Бајрам: Да дејствуваме за заедничко добро!

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во чест на големиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го празнуваат.

„Ви го честитам големиот празник Курбан Барјам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Духовната сила што ја носи овој голем празник нека биде силен поттик за секого, посилен од секогаш, да застане зад вредностите што го отвораат патот кон мирен, безбеден, среќен, достоинствен живот.

Тоа е сочувството, тоа е љубовта, тоа е мудроста, тоа е трпението, тоа се меѓусебното разбирање и толеранцијата.

Искушенијата пред коишто сме исправени испраќаат порака дека е неопходно попосветено да се насочиме кон заедничкото добро.

Да не стоиме настрана. Да извлече максимум од себе и да дејствуваме.

Потребни сме си себе си. Потребни сме им на нашите деца. Потребни сме и на нашата заедница. Потребни сме и на државата. Оваа е лична мисија на секој човек. Од нејзиното исполнување зависи личната и колективната среќа.

Да продолжиме заедно да создаваме општество на задоволни граѓани.

Честит Курбан Бајрам почитувани сограѓани“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он