Кирацовски: Заедно, слободно, со меѓусебна почит и разбирање чекориме кон подобра иднина

Од:

По повод Националниот ден на Власите, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Македонија.

„Во мое и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите граѓани од влашката заедница во Македонија, им го честитам Националниот ден на Власите.

Концептот на едно општество во којшто СДСМ силно верува, ги отвора вратите за сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи ве и Вас, почитувани припадници на влашката заедница, слободно со заеднички сили да работиме и придонесеме кон подобра иднина која ќе донесе квалитетен живот на граѓаните во Македонија.

Влашката заедница во Македонија со години наназад е активен чинител на многу демократски, економски, општествени процеси. Вашиот придонес е од огромно значење и носи многу позитивни аспекти кон развој на концептот на едно општество, а воедно и во градењето на подобра иднина.

Да продолжиме заедно, слободно, со меѓусебна почит и разбирање да чекориме кон подобра иднина. Негувањето на различностите е огромно богатство за секоја држава, а почитта и разбирањето претставуваат цврст темел и носат искрена надеж и за идните генерации.

Македонија е демократска држава, која се темели на концепт на едно општество во кое секој е важен!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО