Чесната понуда на СДСМ е на терен меѓу граѓаните, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ останаа во скапиот партиски дворец

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз започна со презентација на чесната понуда на кандидати за градоначалници и совети и програми што носат живот во сите општини и ставаат крај на криминалната ера на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ кои својата кампања ја почнаа со прес конференции на кои испорачуваат лажни ветувања од скапоцениот партиски дворец, изолирани и со километри оддалечени од своите сограѓани и избирачи, кандидатите на СДСМ заедно со граѓаните, отчетно и домаќински работат на изнаоѓање на решенија за долгогодишните проблеми.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство за стотина дена покажаа дека може да се работи, одговорно, домаќински и отчетно во интерес на граѓаните. По победата на СДСМ на локалните избори, таквиот одговорен пристап ќе продолжи и на локално ниво, кога општините ќе добијат нови услужни локални власти предводени од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО