Чавков: Индикативни состојби укажуваат на финансиски криминал и корупција во општина Охрид

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, претствници од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција денеска ја посетија општина Охрид и остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

Целта на состанокот, според Чавков, биле индикативните состојби кои укажуваат на постоење криминални активности во претходното работење со општина Охрид, поврзано со работењето на претходниот градоначалник.

– Разговаравме во врска со сомневањата за криминални активности, кои сега се во форма на основи, значи ништо конкретно. Но, тоа е сосема доволно да ги интезивираме нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата. Имаме првични информации за финансиски криминал, корупција и така натаму, изјави Чавков по средбата.

Тој посочи дека утврдиле општи ориентации за работа на тимски пристап заедно со претставници на Финансиската полиција и претставници од други институции во Република Македонија.

– Веројатно многу брзо ќе го прошириме составот со претставници од Јавното обвинителство на Република Македонија, од Јавното обвинителство за организиран криминал и со колеги од СВР Охрид, додаде Чавков по состанокот во општина Охрид.

Во рамки на посетата на Охрид, директорот на Бирото за јавна безбедност ќе оствари средба и со претствници на СВР Охрид на која треба да разговараат за безбедносната состојба во градот.

– На состанокот со претставници од СВР Охрид ќе разговараме за темелната анализа, која веќе ни е подготвена и ќе биде основа за планирање на интензивни мерки и активности за претстојната туристичка сезона. Фокусот ќе биде на јавниот ред и мир, на криминалитетот и безбедноста во сообраќајот, посочи Чавков пред средбата во СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион