Чадиковски: Јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите

Од:

Почитувани колеги, денес се собравме, заедно со нашите колеги од Синдикатот да го организираме овој протестен марш од кој ќе упатиме неколку пораки.. Зошто денес, зошто ќе продолжиме.. Затоа што за новинарството се работи, а чувствуваме, знаеме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат…. Вака веќе не може…Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, државниот Пи/ар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите. Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава, изјави денеска на протестот на новинарите и медиумските работници претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

– Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде. Некој ме праша деновиве, што ви падна на ум да протестирате кога нема затворени или не дај боже убиени новинари, а и слободата на говор е посилна одошто беше порано. Му одговорив онака како што и сега ќе одговорам. Така е, прав си му велам. Но излегуваме на протестен марш за да спречиме можност тенденциите кои претходно ги набројав утре да ни се
преточат во нешто многу полошо. Колегата Неври во Тетово пред извесно време го бркаа со секира, колегата снимател Љубо го удрија со бокс пред камера, на колешка од тв 21 и бришеа снимки од мобилниот телефон, директор пцуеше со најпогрдни зборови новинарка на мкд, гледаме тужби од бизнисмени и политичари на секој чекор за издржани истражувачки стории, на Маја од ИРЛ раководител во една општина и велеше “ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш тука”. Навреди на социјалните мрежи за новинарките, смртни закани, од кој како стигне тоа е секојдневие. И да не набројувам веќе, имало многу. Ваков амбиент не сакаме да градиме.

Малку треба за да се случат големи проблеми. Затоа токму сега е вистинскиот момент да се чуе нашиот глас, да превенираме работите да ни отидат во неврат и да ја испратиме пораката, тука сме, можеме да разговараме, но имаме сериозни барања до Владата и до парламентот. Кои се тие барања: Стоп за негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори, политичари Стоп за агресивниот државен пи ар што државните институции ги претвораат во потемкиново село за очите на јавноста

Поддршка за колегите од внатрешноста, кои и денес дојдоа да го поддржат овој марш, во насока на изнаоѓање системско решение за квалитетна новинарска содржина и достоинствени плати. Обезбедување услови за квалитетни професионални новинарски продукти, за традиционалните, но и за новите медиуми.Имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера, за обезбедување независно и функционално работење на јавниот сервиси регулаторот.

Брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите. ЗА СИТЕ ОВИЕ БАРАЊА ДО ВЛАДАТА ДОСТАВИВМЕ И АКЦИСКИ ПЛАН СО ТОЧКИ, ПОД ТОЧКИ И РОКОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА. ДОСТА НИ Е ОД ИЗГОВОРИ, ОВА Е НАЈВАЖНАТА РАБОТА ЗА ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ДЕМОКРАТСКИ АМБИЕНТ ВО КОЈ КЕ ЈА ЦЕМЕНТИРАМЕ СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ КАКО НАЈСИЛЕН ИМПЕРАТИВ ЗА ФИНКЦИОНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА.

Бараме почит за новинарската професија, за новинарите, снимателите, фоторепортерите, нас никој не смее да не потценува и навредува затоа што ние работиме за граѓаните. Излегуваме и за да потсетиме дека новинарството е јавно добро, тоа не им припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на
газдите на медиумите, туку им припаѓа на новинарите и новинарките. Затоа условите во кои работиме мора да бидат достоинствени. Ќе упатам и порака до граѓаните кои секојдневно не следат. Прво извинете што денеска на два часа ќе направиме мал метеж и застој во сообраќајот, второ извинете ако некогаш сте се почувствувале изневерени од нас новинарите, ако сте почувствувале дека бизнис и политичките центри на моќ влијаат или се обидуваат да влијаат за тоа како да ве информираме, ако сте почувствувале дека ве уценуваат или дека нудат содржини кои ја навредуваат вашата интелигенција.. Ве уверувам дека со овие луѓе со кои
стоиме денес тука заедно, ќе сториме се што можеме за да ја вратиме вашата доверба – рече Чадиковски.

Би можело да ве интересира

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ го прогласи Чадиковски за легитимен претседател

Наум Локоски

ВИДЕО: ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

Наум Локоски

Трпеноски: Изборот на Чадиковски за претседател на ЗНМ не е според Статутот, немаше мнозинство од присутните членови

Наум Локоски

МАН му го честита изборот на Чадиковски за претседател на ЗНМ

Наум Локоски

Младен Чадиковски избран за нов претседател на ЗНМ

Наум Локоски