Чадиев вети дека реашавање на прашањето за легализација на дивоградбите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Велес од коалицијата „За подобра Македонија“ Славчо Чадиев на денешната прес – конференција потенцира дека како иден градоначалник ќе формира специјален тим што ќе работи исклучиво на забрзување на постапката за легализација на дивоградбите.

Овој тим, најави тој, кој ќе биде составен од експерти во областа на градежништвото,а ќе вложи максимални напори за кратко време да им се излезе во пресрет на над 6.000 семејства од Велес кои досега живееја во безправно изградени објекти. Почнувајќи од Превалец, Керамидна, Тунел, Камено брдо, Болнички дол, Којник, Мегдан, Црна Џамија, Прцорек, Костурница, Речани и други, подвлече Чадиев, голем број граѓани ќе го решат проблемот, кој реално постои во последните 20, 30 и повеќе години.

– Со оваа мерка на Владата на Република Македонија им се овозможува на сите граѓани кои се соочуваа со овој проблем да ги легализриаат своите објекти и земјиштето на кои се наоѓаат истите, за едно евро по еден метар квадратен, изјави Чадиев.

Тој потсети дека ова е еден од многуте проекти кои Општина Велес заедно со Владата на Република Македонија изминатиов период успешно ги спроведува во интерес на сите граѓани.

Чадиев потенцира дека идната локална самоуправа предовдена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Владата и во иднина ќе продолжи да работи во овој правец на решавање на суштинските и значајни проблеми како и на подобрување на животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември