Чадиев: Велес мора да биде симбол на развој, прогрес и иднина

Од:

Заедно со граѓаните да продолжиме да работиме на идејата за поубав и просперитетен Велес, тоа е единствената цел, нагласи на денешната прес – конференција кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Велес, Славчо Чадиев.

Потенцирајќи оти за него да се биде кандидат на оваа партија е огромна чест и одговорност, Чадиев посочи дека изградените улици и плоштади, реконстурираните и модернизирани училишта, осовременетите и опремени болници се доказ дека неуморно работат за подобрување на животот на Велешани.

– Така и ќе продолжиме. Велес мора да биде симбол на развој, на прогрес, на иднина и затоа целиот свој личен капацитет, знаење и искуство јас и мојот тим ќе ги ставиме во функција на својот град и граѓаните. Наша обврска е Велес да прерасне во еден модерен град на среќни и задоволни граѓани, рече Чадиев.

Во таа насока, подвлече, ВМРО-ДПМНЕ има изготвено програма која што ќе ја понудиме пред нашите граѓани, а ги содржи сите аспекти од општественото живеење.

– Програмата вклучува конкретни проекти кои се во насока на обезбедување поквалитетен живот на граѓаните, подобра комунална инфраструктура, поддршка за проекти од културата, образованието, младите и спортот. Главен акцент во програмата се стави на обезбедувањето услови за нови вработувања на граѓаните и реализирање на капитални инвестиции како изградба на локални патишта, улици, нови училишта, амбуланти, детски и спортски игралишта, паркови, канализациони и водоводни мрежи и многу други проекти, потенцира меѓу другото Чадиев.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски