Чадиев: Нудиме забрзан економски развој на општината

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Велес од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев денеска оствари средба со бизнисмените од овој град на која присуствуваше и вицепремиерот Владимир Пешевски.

На средбата се разговараше за економскиот дел од неговата програма за локален развој, а се направи и осврт на економска состојба во земјава и на она што Владата може да го направи за нив, со цел тие да се равиваат и да создават нови работни места.

– Ние нудиме забрзан економски развој како што се индустриските зони УЗУС и Речани и новата која ќе ја отвориме во Караслари. Истовремено, ќе дадеме и предност на туристичкиот комплекс Езеро „Младост“ и на  инфраструктурата што треба да биде изградена до сите овие субјекти, со цел да ги привлечеме домашните и странски бизнисмени. И сето тоа ќе го работам во соработка со Владата, рече Чадиев.

Вицепремиерот Пешевски истакна дека оваа програма, која, како што рече, се состои од 70 програми кои ВМРО-ДПМНЕ ги подготви, е фокусирана најмногу кон економијата и за нејзино реализирање ќе треба да оствари одлична соработка со општината и градоначалникот.

– Сите политики што се креираат се спроведуваат на терен и затоа е многу важно да имаме ваква соработка, рече тој.

Пешевски потенцира дека со Чадиев како претседател на Советот на Општина Велес во изминатите четири години имал остварено одлична соработка и оти со негов избор за градоначалник  се создава континуитет во соработката.

– Ние пред неколку недели најавивме странска инвестиција во Велес, а за името да почекаме да завршат изборите. Таа инвестиција не е повплна само за граѓаните, туку и за бизнисмените, потенцира Пешевски.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар