Чадиев најави повеќе проекти во образованието и реконструкција и пренамена на Офицерскиот дом во Велес

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција пред велешката гимназија на која присуствуваше и министерот за образование Панче Кралев ги најави своите проекти во областа на образованието во општината.

Чадиев потенцира дека образованието е еден од неговите приоритети во неговата предизборна програма за 2013-2017 година. Најави неколку проекти кои ќе се реализираат во соработка со Владата и Министерството за образование како што е целосна  реконструкција на гимназијата „Кочо Рацин“, што ќе опфати нов покрив, нови прозори, термо фасада и нов топловоден систем.

– Со ова реновирање ќе се реши проблемот и на учениците од гимназијата и на учениците од хемиското училиште кои наставата ја изведуваат во заедничка зграда, рече Чадиев.

Тој најави и проект  за реконструкција на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, како и ОУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ во село Сујаклари. Воедно потсети дека поради  опожарување на училиштето во село Иванковци со подршка од Владата е изградено ново монтажно училиште во селото, а е изградено и училиште во село Отовица. Тој најави дека  ќе биде реконструирано  училиштето „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ во Велес каде е сместено и ООУ „Благој Кирков“.

Чадиев потсети дека Советот на општината со кој тој раководеше ги зголемил стипендиите за талентирани ученици и студенти од Велес.

Министерот за образование Панче Кралев потенцира дека ќе ги подржат сите проекти за реновирање  на велешките училишта.

– Наша заложба во соработка со локалната власт секогаш била да се овозможи континуирана подршка на реконструкција и изградба на нови училиштата. А по неговиот избор за градоначалник ние ќе почнеме со нивна реализација, рече Кралев.

Тој воедно информира дека поранешниот Пензионерски дом во Велес  кој општината и Советот им го преотстапи на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола наесен ќе биде ставен во функција на студентите кои студираат во Велес, како студентски кампус. Министерот Кралев информира дека градежните работи за негова преадаптација кои се при крај финансиски се подржани од Владата.

– Наша заложба и на Владата е Велес да остане и прерасне во уште поголем студентски град, посочи Кралев.

Кандидатот за градоначалник на Велес, Чадиев подоцна на прес-конференција пред зградата на поранешниот Офицерски дом која сега стои запуштена,  најави дека по неговото преземање на власта ќе побара од Министерството за одбрана односно од Владата,  Домот  да премине во владеење на општината, а по што  и целосно ќе го реновира и пренамени за потребите на граѓаните на Општина Велес.

Чадиев рече дека зградата на поранешниот Офицерски дом ќе биде пренаменета во градска куќа, а во долниот дел на објектот планираат да направат просторија за венчавки.

Воедно планираат отстранување на оградата и изградба на парк, а фасадата на објектот целосно ќе биде реновирана. Чадиев информира  дека овој објект ќе биде наменет за многу културни манифестации, а во него ќе имаат средби сите оние кои ќе ја посетуваат општина Велес.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот