Чадиев најави изградба на модерен спортски комплекс со четири кошаркарски игралишта во Велес

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес Славчо Чадиев денеска на прес-конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период многу вложи во спортот во градот и најави нови проекти.

Во неговата изборна програма е предвидена и изградба на кошаркарски игралишта на плочата кај „Симпо“ и плочата кај Општина.

– На плочата кај „Симпо“ ќе биде изграден модерен спортски комплекс со четири кошаркарски игралишта. Проектот ќе опфати поставување нова подлога, обележување на терените, осветлување, поставување жичена ограда и слично, истакна Чадиев.

На плочата кај Општината ќе биде изградено кошаркарско игралиште со нова подлога и жичена ограда.

– Средствата во висина од 450.000 денари (односно 300.000 за Симпо и 150.000 за Општина) ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а почетокот на реализацијата би бил од оваа година, додаде тој.

Ова се само дел од 18-те проекти опфатени во програмата на Чадиев, а се во делот на спортот и младите.

Во изминатите шест години двојно се зголемија средствата кои општината ги доделува на спортските клубови, изградено е помошно фудбалско игралиште во градскиот парк, а привршува изградбата и на две нови модерни тениски игралишта, нова сала за пинг понг во ЈП „Парк спорт“, нова аеробик сала во ЈП „Парк спорт“, изградба и реконструкција на кајак патека во Вардар, реконструкција на спортски терен ТУНЕЛ, на фудбалското игралиште во населба Превалец,  поранешното кошаркарско игралиште за одбојка на песок, како и на игралиштето кај поранешното училиште ЈХК „Џинот“ и уште многу други проекти, изјави Чадиев.

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Велес Александар Колев, кој денеска исто така одржа прес-конференција, рече дека неодговорна е и потценувачка најавата на кандидатот за градоначалник на СДСМ Аце Коцевски дека за три дена ќе напише програма.

– Неодговорниот пристап кон граѓаните Коцевски веќе го докажа тогаш кога требаше да избере помеѓу интересите на граѓаните и кариерата на Бранко Црвенковски. Наместо програма, идеи и проекти за потребите на граѓаните и развојот на Велес, Коцевски избра отпор и бојкот во интерес на кариерата на Бранко Црвенковски, изјави носителот на советничката група. Колев потсети дека СДСМ во Велес се уште по десетти пат на граѓаните им го нуди двоецот Ацо Коцевски и Пецо Стојановски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар