Чадиев ја доби поддршката од шесте избрани градоначалници од Вардарскиот плански регион

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Велес од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев доби поддршка од избраните градоначалници во Вардарскиот плански регион од првиот изборен круг.

Славчо Чадиев денеска оствари средба со шесте избрани градоначалници од Вардарскиот плански регион: Чашка, Свети Николе, Градско, Неготино, Демир Капија и Росоман, со кои разговараше за тоа како во наредните четири години подобро би се развивал Вардарскиот плански регион.

– За времето на владеењето на Црвенковски и Георгиевски во нашиот град и во повеќето општини во регионот, доста лица останаа без работа и затоа јас како иден градоначалник на Велес имам подготвено низа проекти преку кои ќе работат на подобрување на состојбата, потенцираше Чадиев.

Од името на сите шест избрани градоначалници од Вардарскиот плански регион, поддршката за Чадиев ја изрази градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски кој потенцира дека Чадиев во вториот изборен круг треба да биде избран за градоначалник на општина Велес.

– Во Велес се наоѓа административниот центар на Вардарскиот регион па затоа потребна ни е поддршката од граѓаните за да продолжиме во иднина со реализација на проектите, истакна Пановски.

Чадиев вети дека општина Велес во соработка со сите заедници на станари на станбените објекти во градот ќе ги замени старите влезни врати со нови модерни пвц врати.

– На сите станбени објекти во градот ќе се постават енергетско – ефикасни, а во соработка со ЈКП Дервен ќе се уредат дворните места пред сите станбени објекти, односно хортикултурно уредување, поставување клупи, осветлување и друга урбана опрема, рече тој.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“