Чадиев и Коцевски потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер локални избори

Од:

Во рамки на кампањата „Каков белег ќе оставиме фер избори 2013“, кандидатите за градоначалници на општина Велес, Славчо Чадиев и Аце Коцевски, денеска потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори и проговорија за нивните согледувања околу досегашната изборна кампања.

Чадиев потенцираше дека изборите се фер и демократски и ги повика велешани в недела да излезат слодобно и својата волја да ја искажат за новиот градоначалник. Коцевски, пак, оцени дека изборите не се демократски и фер. Сепак, верува, дека велешани, како што рече, нема да потклекнат на притисоците и заканите и ќе одлучат слободно кој ќе ја води нивната општина.

Кампањата за фер и демократски избори првпат стартуваше во 2002 година за парламентарните избори и досега континуирано се спроведува. Целта е кандидатите да се заложат за спроведување фер и демократски избори, владеење на правото и соодветно изборно однесување. Ја иницираше Институтот за парламентарна демократија, а се реализира во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни односи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија