Чадиев ги презентираше приоритетните проекти

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Велес од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција ги презентираше неговите приоритетни проекти во областа на водоводните и канализационите мрежи во градот и околината.

Тој посочи дека локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот четиригодишен мандат посебно внимание ќе посвети на водоснабдувањето на градот и руралните средини.

– Приоритет ќе се даде на следните проекти-изградба на водоводна мрежа во селата Сливник и Црквино, водоснабдување на индустриската зона Речани 2, како и на делот од Бродот Панини до сателитската населба на Езеро Младост, изградба на нова водоводна линија во населба Превалец и село Горно Оризари, реконструкција на водоводните мрежи на десеттина велешки улици, изградба на фекална канализација на езерото Младост, а ќе биде завршена и започнатата канализациона мрежа во село Горно Оризари, рече Чадиев.

Тој потенцира дека обезбедувањето на здрава и чиста вода за пиење, како и замената на старите азбестно-цементни водоводни цевки се едни од најзначајните прашања.

– Јас и моите советници ви даваме ветување дека давајќи ни ја вашата доверба, со голем ентузијазам, знаење и искуство ќе работиме за успешен напредок на Велес, создавајќи дела со трајни вредности, додаде Чадиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија