Чадиев ги повика велешани на утрешниот митинг да дадат поддршка на новите проекти

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“, Славчо Чадиев денеска ги повика велешани утре масовно да излезат на завршниот митинг на партијата и да дадат поддршка на изборната програма.

– Гордоста и енергијата која ја носи ВМРО-ДПМНЕ, на утрешниот завршен митинг ќе ја почувствува секој Македонец, секој Велешанец. Велешани ќе докажат дека нашиот град продолжува по патот на успехот, по патот на победата, по патот на развојот. Сите заедно да дадеме поддршка за новите проекти, за новите дела зад кои стоиме, рече Чадиев.

Како дел од изборната програма ги спомена новата индустриска зона во Караслари, довршувањето на изградбата на театарот, реконструкцијата на гимназијата „Кочо Рацин“ и другите училишта во градот, изградбата на кружни текови, реконструкцијата на градскиот стадион и на затворен пазар….

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември