Чадиев ги повика стопанствениците од Велес за отворање бизниси

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Велес, Славчо Чадиев од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со бизнис секторот, граѓаните од неколку месни заедници и земјоделците.

Чадиев потенцира дека неговата економска програма е програма за побрз економски развој на општина Велес и упати повик до бизнисмените за отворање бизниси, бидејќи општината нуди најниски даноци за градба.

– Главниот импулс за економски развој мора да произлезе токму од приватниот сектор. Само тој може да создаде економска благосостојба и нови работни места на долг рок, рече тој.

Чадиев потенцира  дека најважни проекти во неговата  програма се изградба на нова индустриска зона во село Каласлари, доградба на инфраструктурата во индустриската зона УЗУС, мало стопанство, изградба на индустриска зона Речани 2  и реализација на втората фаза од ХС „Лисиче‘‘.

На средбата со земјоделците вечерва во салата на Општина Велес, Славчо Чадиев  потенцира дека Општината ќе овозможи максимална поддршка на нашите земјоделци за да помогне  во практичното реализирање и промовирање на мерките за финансиска поддршка и субвенционирање на земјоделството во насока на приспособување од традиционалното кон модерното конкурентно земјоделство и создавање подобри услови за живот во руралните подрачја.

Чадиев исткана дека општината посебно ќе ги поддржи иницијативите за почнување нови сточарски бизниси, во делот на говедарството,овчарството и козарството. Воедно ќе дава поддршка при формирање земјоделски задруги, промоција и популаризација на органското производството,сточарството,како и на искористување на средства од ИПАРД програмата. Воедно најави привлекување инвеститори домашни и странски и посредување и соработка меѓу индивидуалните земјоделци и преработувачите од Македонија.

Чадиев  денеска имаше средби и со граѓаните на Велес од месноста  Солено Чешмиче,  Дворови и  граѓаните од Месната Заедница „Славе Петков“.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември