Церар упати честитки до министерот Димитров и Владата на РМ за постигнатиот Договор со Грција

Од:

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија Миро Церар, престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата со МНР Димитров, како и на пленарните разговори помеѓу делегациите беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, а се разговараше и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економската и регионалната соработка.

Церар упати честитки до министерот Димитров и Владата на Република Македонија за постигнатиот Договор со Грција, ја реафирмираше силната поддршка од Словенија за забрзување на пристапните процеси за полноправно членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Двајцата Министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија