Централниот одбор на ДОМ ја утврди Маја Морачанин како кандидат за претседателка на партијата

Од:

На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ, Маја Морачанин беше едногласно утврдена како кандидат за претседателка на партијата на претстојниот Четврти конгрес на ДОМ.

„Општо беше мислењето дека таа е природен избор, со оглед на нејзините квалитети како човек и успешен професионалец, како и поради политичкото искуство и фактот дека во партијата работи искрено, посветено и одговорно, од самиот почеток до денес. Искажано беше и задоволството од демократскиот процес на избор на ново раководство, во тимски дух и пријателство на соборци за исти вредности, што го одликува ДОМ како зелена партија.

Централниот одбор ги усвои и извештајот, програмата и другите конгресни документи, како и предлозите за идни членови на новиот централен и надзорен одбор на ДОМ.

Четвртиот конгрес на ДОМ ќе се одржи на 28 октомври 2018 година во Сити Хол, со почеток во 12 часот. За свечениот дел е најавено присуство на претставници од политички партии во Република Македонија, од зелени партии од регионот и од Европа, како и од поголем број граѓански организации и движења“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски