Централен регистар: Во законот нема посебни одредби за спорни и негативни личности од историјата

Од:

Централен регистар на Република Северна Македонија во врска со регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис III“ нагласува дека во своето работење секогаш постапува и се води согласно постоечките закони во државата, а во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата.

dobivaj vesti na viber

-Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон. Се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица, нагласуваат од Централниот регистар.

Во членот 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации се предвидени случаите кога се забранува работата за организацијата.

-Согласно член 66 секој може и има право да поднесе иницијатива за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица, напоменуваат од Централниот регистар.

Би можело да ве интересира

47.095 евра, 603.000 денари и 250 швајцарски франци заплени Финансиската полиција при претрес на дом на лажен адвокат

А1он

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска