А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Централен регистар: Извршено е евидентирање промена на овластено лице за застапување на ССМ

by А1он14/08/2017 - 15:20438
Share0

Неосновани и неточни се наводите за незаконски донесено решение од Централен регистар за упис на нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, соопшти денеска Централниот регистар.

Добивај вести на вибер

Извршено е, како што појаснуваат, евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојуз на синдикати на Македонија, а основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика.

– Централниот регистар на Република Македонија постапува во рамки на своите надлежности предвидени во Законот за Централен регистар и во согласност со член 13 од Законот за едношалтерски систем и за водење на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Имено, во регистарот на други правни лица, врз основа на Решение број 08-8191/2 од 14.11.2016 донесено од министер за труд и социјална политика Фросина Ременски и Решение број 08-8191/14 од 04.08.2017 донесено од министер за труд и социјална политика Мила Царовска, се изврши евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојуз на синдикати на Македонија, се вели во соопштението.

Согласно член 190 став 1 од Законот за работните односи, се додава, синдикатите се запишуваат во регистарот на синдикати кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот. Според тоа, посочуваат од Централниот регистар, основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика. Централниот регистар на Република Македонија согласно член 13 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица обезбедува податоци определени во член 4 од истиот Закон за субјектите за кои основниот регистар го води друг орган.

centralen-registarssm

Би можело да ве интересира

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 11:50

Од 10 февруари ССМ започнува со блокади

Горан Наумовски03/02/2026 - 15:24

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:24

Трендафилов: Денеска паднаа маските, се потврди дека зголемувањето на платите не е приоритет за Владата

Горан Наумовски02/02/2026 - 12:44

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во Општиот колективен договор

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 15:08

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:3501/02/2026 - 21:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен