Централен одбор на СДСМ: Кирацовски нов генерален секретар, зголемен бројот на потпретседатели

Од:

Централниот одбор на СДСМ, вечерва ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес.

Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ.

Во функција на зајакнување на партијата, зголемен е бројот на потпретседатели на СДСМ.

За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и остануваат потпретседатели Дамјан Мачневски и Фросина Ременски.

За нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски.

За членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, Централниот одбор ги избра Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски Петар Атанасов,Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џаферовски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска. Во 16-члениот состав на Извршниот одбор, не само што се испочитувани статутарните одредби за застапеност на младите и жените, туку има поголем број од предвиденото, односно 6-мина млади и 7 жени.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во излагањето пред членовите на Централниот одбор истакна дека пред СДСМ како владејачка партија е уште поголемата одговорност уште попосветено и поодлучно да работи во интерес на граѓаните и на државните интереси.

„Сите заедно, и во земјава и надвор од неа, докажавме дека СДСМ е столбот на државата и на државноста. Да продолжиме да работиме одговорно за граѓанските и државните интереси, порача претседателот Заев, на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат