Центарот за социјална работа молчи: Дали Гоце Прцулоски се превезувал во возилото на таткото, на чиј предмет работи

Од:

Центарот за социјална работа во Скопје и по една недела не одговара дали социјалниот работник Гоце Прцулоски се возел во возило на таткото од Охрид на 11 април годинава, кога бил во зградата на мајката Невена Спасеска за да го земе четиригодишното дете.

„Дали е дозволено вработени во Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје да се возат и превезуваат во возила на странки чии предмети ги работат, во работно време и додека извршуваат активности во кои е инволвирана истата странка? Доколку е дозволено, ве молам посочете по кој правилник/документ а доколку не е би замолиле за одговор какви се предвидените санкции“.

Ова е прашањето кое беше упатено до Центарот за социјална работа во Скопје, но никој не одговара на него. И Прцулоски и неговата адевокатка се закануваа со тужби минатата недела, но не одговорија на ова прашање-Дали Гоце Прцулоски бил превезуван од таткото од Охрид за да изврши налог во негова корист? Тие имаат и сега можност да одговорат на истото прашање во секое време како втора страна, но молчат.

Адвокатката на мајката, Аница Цветановска, поднесе кривична пријава против Прцулоски за злоупотреба на службената положба поради како што вели дека „вработените како дел од стручниот тим во активен предмет согласно подзаконските акти на ЈУ МЦСР на Град Скопје најтрого е забрането и не е дозволено како службени лица да се превезуваат со приватни возила на странки кои имаат активни предмети“.

Според неа, на 11 април се паркирале зад зградата во Скопје каде што живее мајката. Таткото од Охрид чекал во колата, а Гоце Прцуловски откако не ја нашол дома мајката, се вратил во возилото на таткото кој го однел со своето возило до станот на нејзините родители за да ја бараат таму и неа и детето. Прцулоски не се легитимирал на влезот на пријавница каде што живее мајката, а сакал да оди во нејзиниот стан. Од него адвокатката Аница Цветановска писмено побарала да образложи „во какво својство Прцулоски бил во зградата, дали имал работен налог, дали користел службено возило и дали како социјален работник постапувал согласно неговите надлежности“,

Со оглед дека не одговорил, адвокатката наведува дека „се смета дека немал работен налог за посетата, и не користел службено возило за посетата“.

Вработени во Центарот за социјална работа во Скопје за А1он тврдат дека предметот бил прераспределуван неколкупати, па по низа „случајности“ на крај завршил кај социјалниот работник Гоце Прцулоски. И тој и Центарот ќе мора да одговорат на поставеното прашање затоа што е сериозно и премногу битно за натамошно водење на случајот.

Би можело да ве интересира

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација