Центарот за полициска обука доби Сертификат за меѓународна акредитација

Од:

Центарот за полициска обука денеска доби Сертификат за меѓународна акредитација, а на настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.

Во своето обраќање Спасовски рече дека со стекнатата меѓународна акредитација, Центарот за обука практично е прв таков образовен Центар во нашата држава, наменет не само за потребите на министерството, туку и за сите оние институции кои што работат на спроведување на законите со посебни овластувања. ,,Со оваа меѓународна акредитација не само што се збогатува професионалното портфолио на Центарот за обука, туку истовремено се отвораат нови образовни перспективи за уште поквалитетна стручна и професионална едукација и специјализација на вработените во безбедносните структури, за натамошно пренесување на нови меѓународни искуства и практики следствено модерните полициско-безбедносни стандарди“, потенцираше Спасовски. Министерот Оливер Спасовски, упатувајќи честитки до колегите од Центарот за обука, изрази уверување дека ова остварување ќе биде дополнителен мотив да се продолжи со успешното развивање и функционирање на Центарот.

Амбасадорката на САД Н.Е Кејт Мари Брнз при обраќањето пред присутните напомена дека примената на најдобрите практики за обука на оние кои се жртвуваат себеси за безбедноста е исклучително значајна, а поддршката од министерот Спасовски на овие заложби, во политичка смисла и ресурси, ќе обезбеди успех на Центарот за полициска обука.

,,Северна Македонија нека биде лидер во регионот проширувајќи ја соработката и партнерствата во делот на спроведување на законите. Амбасадата на САД е горда што е ваш партнер во Центарот за полициска обука, како и во други значајни заложби во делот на спроведување на законите и сѐ она што значи јакнење на владеење на правото и безбедноста за граѓаните на Северна Македонија“, потенцираше амбасадорката, притоа упатувајќи порака дека силното партнерство во делот на безбедноста започнува со полицијата.

„Чувајте ги полициските службеници да останат мотивирани, како што биле кога влегле во службата“, порача амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Помошник министерот на Центарот за обука, Гоце Бачанов, се наврати на почетоците, нагласувајќи дека денешниот организациски формат на Центарот официјално отпочна со работа на 01.08.2008 година, како резултат на трансформацијата на тогашната Полициската академија.

,,Во Центарот се реализира основна обука за полицаец, континуирани обуки за вработени на МВР, специјална обука и обука за менаџмент, како и обуки со меѓународен предзнак. Со добивањето на оваа акредитација која е од меѓународен карактер, Центарот за обука веќе се вбројува во редот на елитни полициски тренинг центри во Европа“, истакна Бачанов.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски