Центарот за македонски јазик официјално регистриран во Грција

Од:

„Центарот за македонски јазик во Грција“ официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од судските власти во Грција. Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година. Одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година информираат од Центарот.

-Последните административни работи поврзани со регистрацијата беа завршени минатата недела, при што судот официјално го одобри и статутот на организацијата. Меѓу другото, Центарот за македонски јазик во Грција упатува јавна благодарност до адвокатот Кирос Спондис за успешното окончување на целата постапка околу регистрацијата и впишувањето на нашата организација во судскиот регистар на невладини организации се вели во објавата на социјалните мрежи.

– Станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција. Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо. Одлуката на судот претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција спроведен во 1920 година, кога ќе потсетиме дека македонскиот јазик бил наведен како јазик што го зборува дел од населението во одредени региони велат од Центарот.

Би можело да ве интересира

Дендиас: Која и влада да произлезе во Македонија се надеваме на продолжување на соработката

Грчките медиуми за оставката на Заев

Катерина Ѓуровски

Правилата за влез на македонските граѓани во Грција остануваат исти и во следите две седмици

Македонските граѓани ќе влегуваат во Грција под истите услови како и во претходниот период

Влез во Грција под исти услови најмалку уште една седмица

Катерина Ѓуровски

Македонија и Грција потпишаа Договор за изградба на интерконектор за природен гас