Центар за Боемска: Вистината и фактите, наместо манипулациите

Од:

Општина Центар написите дека се потрошени речиси половина милион евра само за Боемската улица, поточно улицата Ѓорѓи Пешков ги оцени како паушални и неточни.

Следува интегрално соопштението на Центар.

-Последниве денови, на некои од медиумите блиски до власта, се води вистинска хајка и се прават обиди во јавноста да се минимизира успешниот и широко прифатен проект „Боемска улица“, преку изнесување на паушални обвинувања и дезинформации. Се споредува нешто што е неспоредливо. Еве што покажуваат официјалните бројки и податоци.

10539213_10152703973014593_34973527_n

Вкупната површина на проектот е 2.700 метри квадратни, а во тоа е опфатено: – потег на улица Ѓорги Пешков (Боемска улица) – дел од тротоарите на улица Орце Николов на спојот со Пешков – дел од улицата Мирослав Крлежа која е во зафршна фаза на доработка – спој на улица Орце Николов со улицата Михаил Цоков – целиот тротоар на улица Михаил Цоков спроти општината Центар на целиот овој проект е 24 милиони денари.

 

Површината само на улица Ѓорги Пешков е 1500м/2, и од вкупната цена, на тој потег се потрошени 14 милиони и 500 илјади денари. Обидот да се дискредитира општината со неиздржани и нестручни споредби со улицата Никола Вапцаров, реконструирана во 2011 година, само ја покажува намерата на нарачателите на ваквите текстови дека наводно за двојно помала улица се потрошени двојно повеќе пари.

 

Огромна е разликата во квалитетот на материјалите: подлогата под плочките на Ѓорѓи Пешков е од бетонска полусува мешавина со цементно млеко, а на Вапцаров подлогата е од ризла.

Завршниот слој на плочи е од природен гранит со дебелина од 5 сантиметри, тешки 25 килограми од плоча, кои чинат 4 800 од м2. На Никола Вапцаров плочите  се од вештачки гранит со дебелина 3 сантиметри и тежина 8 килограми по плоча. Цената на метар квадратен е 1 500 денари.

Во цената на плочите на Ѓорѓи Пешков е вклучена набавката транспортот и монтажата. Поплочувањето на коловозот на Ѓорѓи Пешков е со коцки од природен гранит со дебелина од 10 сантиметри, а на Никола Вапцаров е со обоен бехатон со дебелина од 5 сантиметри. Разликата во пазарната цена е пет пати поголема, а комплексноста на изведбата е неспоредливо потешка. Наспроти дезинформациите дека наводно се ставени само плочки на мала уличка, вистината вели дека во цената се вклучени и:

10715677_10152703972999593_1793806161_n

-Комплетно нова атмосферска мрежа, бидејќи старата, која се посочува во написите,  беше недопустливо поврзана со фекалната, се излеваше создавајќи проблеми на жителите на улицата.

10708263_10152703972929593_1086737186_n

-Изработена е изолација на спојот на улицата со сите објекти

10707998_10152703978494593_1514942535_n

-Поставена е нова инсталација за улично осветлување со подземно спуштање на сите кабли од ЕВН и сите оператори

10660633_10152703972949593_1941067450_n

-Поставени се 15 гусани декоративни канделабри. Доколку некој се заинтересираше можеше да ги добие вистинските параметри, а тоа е: целиот опфат на проектот Боемска улица е за 900 м2 поголем од улицата Никола Вапцаров. На Никола Вапцаров беше изведено само одводнување на површинските води. Од изнесеното, јасно може да се види разликата во квалитетот.

 

По само 3 години 50 проценти од Никола Вапцаров е уништена, скршени се плочките и на некои места улицата е пропадната. Доколку Никола Вапцаров беше правен со ист квалитет на материјали и иста квадратура како Ѓорѓи Пешков, цената ќе беше повеќе од 14 милиони и 500 илјади денари.

10601156_10152703970744593_1379449554_n 10621872_10152703971364593_626337470_n 10617303_10152703970849593_1864747879_n  1477844_10152703970949593_1566779536_n

Наспроти паушалните, намерни и нарачани обвинувања, целата постапка беше јавна и транспарентна. На 28.01.2014 транспарентно е објавена тендерска постапка на електронскиот систем за јавни набавки. На 18.02.204 имаше јавно отворање на трите пристигнати понуди од понудувачите: ДГ Бетон АД Скопје- 33. 671.953,57 денари, без ДДВ, Изградба Комерц ДООЕЛ Скопје – 23.949.505 денари, без ДДВ и Урбан Инвест ДОО Кавадарци – 24.836.633 денари, без ДДВ. Избрана е најефтината понуда, ниту еден економски оператор не вложи жалба ниту на изборот, ниту на постапката за јавна набавка.

 

На 27.03.2014 се склучи договор со фирмата Изградба Комерц ДООЕЛ Скопје. Оваа набавка, како и сите останати, јавно се објавени на ВЕБ страната на општина Центар и според Законот на страната на Бирото за јавни набавки. Набавките во Општина Центар, за разлика од набавките на други државни институции, се транспарентни. Општината и понатаму останува отворена за сите барани информации, како и за сите ревизии и контроли.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории