„Центар“ воведува припејд карта за поефтин паркинг

Од:

Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар, од 1 октомври најавува поволности за плаќање на паркинзите што се во негова надлежност, со припејд-карта, наречена „Ем карта“.

Kартата ќе чини 350 денари, а секој корисник, со неа ќе има гратис од 100 денари.

Корисниците на оваа припејд-карта наместо да плаќаат 50 денари за час паркирање во првата зона, ќе плаќаат по 40 и наместо да плаќаат 40 денари во втората зона, ќе плаќаат по 30 денари.

Исто така, корисниците ќе можат да резервираат место за паркирање, со тоа што ќе се јават во контакт-центарот на претпријатието, на телефонскиот број 072 251-251.

Претпријатието ќе им ја достави припејд-картата на станарите на домашна адреса. За нив таа ќе биде бесплатна, со тоа што исто така ќе имаат 100 денари бонус паркирање.

Картата според најавите ќе може да се купи на паркоматите на територијата на Општината Центар, каде што исто така ќе може да се дополнува и проверува состојбата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче