Цените се стабилни, нема потреба од мерки, вели министерот Дурмиши

Од:

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.

– Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле порано, така ќе постапиме и сега. Значи, за 0,43 проценти се зголемени цените што покажува дека имаме стабилни цени, рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која беше презентиран Оперативниот план за вработување за 2026 година.

Вели дека ако кризата продолжи и има енормно зголемување на цените, тогаш ќе се воведат мерки, а една од опциите е намалување на ДДВ-то.

Во однос на инфлацијата, Дуршими вели дека имаме пониска инфлација од други држави и дека мерките што се преземени досега, даваат резултати. До крајот на неделава очекува Државниот завод за статистика да излезе со нови информации околу инфлацијата.

Би можело да ве интересира

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок

Ќе треба еден месец за анализа на цените на храната, вели Дурмиши

Дурмиши: Нема индиции за енормни поскапувања

Катерина Ѓуровски

Дурмиши: Ќе има дебата за трошоците за живот и минималната плата

Горан Наумовски

Дурмиши: Нема да донесеме одлука со која ќе се зголемат платите на функционерите

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

Катерина Ѓуровски