Цената за пречистување на водата во Гевгелија сепак ќе се преиспитува

Од:

Барањето на независните гевгелиски советници,Томче Ќичуков и Ристо Ѓоргиев за преиспитување на цената за пречистување на отпадните води доби зелено светло и од останатите советници на општина Гевгелија кои едногласно одлучија да се задолжи Управниот одбор на јавното претпријатие „Комуналец“ да ја преиспита одлуката за утврдување на цената за пречитување на водата.

Предлагачите образложија дека пред поднесување на барањето ги побарале и добиле параметрите кои од страна на јавното комунално претпијатие биле доставени до Регулаторната комисија која определила од февруари годинава цената да изнесува 13 денари од кубик вода за домаќинствата и 27 денари од кубик за правните лица.

– Пресметките што ние ги направивме врз основа на доставените показатели во кои влегуваат податоци за количината на пречистена вода во пречистителната станица, за месечно потрошената струја за нејзино работење, за потребните вработувања, потрошените реагенси како и за амортизација покажуваат дека цената за пречистување на кубик вода треба да изнесува пет, а не 13 денари за домаќинствата, велат доставувачите на барањето.

Советот на општина Гевгелија ги прифати нивните аргументи и му наложи на УО на „Комуналец“, да ја преиспита одлуката за утврдување на цената за пречистување на отпадните води.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно