Денеска, со почеток во 16 часот, на Средно Водно започнува прославата на првиот роденден на Жичарницата, која ќе трае до раните утрински часови.
Превозот со автобусите на ЈСП, кој стопанисува со жичарницата е бесплатен, а до полноќ тие ќе возат на секои 20 минути, по што ќе бидат проретчени.
На прославата ќе настапуваат „суперѕвездите“ на Дарко Мијалковски, ќе има жонглери и акробати, а од 20 часот стартува журката со сетовите на неколку познати диџеи.
Од ЈСП информираат дека автобусите кои сообраќаат до Средно Водно ќе бидат почести и ќе возат бесплатно.
Цената на билетот за жичарницата ќе биде 50 денари, а таа ќе работи до 20:45 минути. Возењето трае околу 6 минути, а трасата е долга 1750 метри.